Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и сопругата Рози денеска го испратија нивниот помлад син Антониј во прво одделение.

Првиот училишен ден на Антониј.
Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш.
И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.