Пратеници од СДСМ, ве повикувам да не подлегнувате на притисоците на власта и да постапите исклучиво според сопствената совест. Бидете достоинствени, почитувани пратеници од СДСМ и не потклекнувајте на притисоците од некои челни луѓе на вашата партија“, вели во своето обраќање Христијан Мицкоски, лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам нешто да се знае. Мојата цел не е борба за гола власт, туку првенствено заштита на државните и национални интереси преку отфрлање на процес кој е штетен за Македонија. И тоа треба да биде нашата заедничка борба во која треба да се обединиме сите на страната на народот и на страната на нашата Македонија.
Пратеници од СДСМ, Вие отфрлете ја информацијата на Владата, а јас ви ветувам дека нема да барам избори и ќе поддржам опстојување на оваа влада, па макар било тоа и малцинска, само Македонија да не биде уценетата и понижена и да не се прифати она што сега ни се нуди.
Мојата понуда е чесна и искрена и таа е водена исклучиво од интересите на народот и иднината на нашата Македонија“, тврди тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.