Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на саботниот голем протест што се одржа под мотото Премногу е, и се обрати на десницата, односно на оние кои идеолошки припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ, но се редовни критичари на работата на партијата.
Почитувани пријатели од десницата, размислете добро.
Со смирен ум и отворено срце анализирајте и донесете суд: кој ви е подобар пријател или подобра опција.
Оваа власт која донесе предавства или ВМРО која се бори против тие предавства?!
Со сите наши недостатоци и слабости, ВМРО-ДПМНЕ е единствениот и најголемиот браник против неправдите, тешкиот живот и предавствата.
Дојдете да се обединиме!
Време е!
Македонија тоа го бара од сите нас! – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.