Добро е да се потсети дека има работи за кои вреди борбата и заедништвото. Да си спомнеме и за нашите Македонци отаде границата кои очигледно Владата ги заборава, но тие постојат, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски денеска ја предводи делегацијата од Македонија која присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Премиерот Димитар Ковачевски во четвртокот изјави дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубови кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите.

За вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој исто така рече дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград,ова е приватна иницијатива.

Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива, рече Маричиќ

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски во петокот информираа дека тој добил покана да присуствува на отворањето на клубот, но дека поради претходно закажани обврски нема да присуствува. Во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабнетот Миле Бошњаковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.