Сѐ започна втората половина на јануари 2005 година кога заминав за прв пат, како докторант во Германија на Техничкиот Универзитет Илменау, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На покана на професорот хабил Хелмут Вурмус (хабил е највисоко научно звање во Германија и се добива за посебни заслуги во науката) и откако ја добив стипендијата на ДААД за прв пат имав можност да работам со роботски систем. Тоа беше и главниот фокус на мојот докторат, управување на роботи со вештачка интелигенција (fuzzy логика). Продолжи во февруари месец 2012 година кога, како институт за Механика и Мехатроника од Министерството за образование и наука, добивме донација за опремување на лабораторијата за Мехатроника. Па сѐ до денес кога благодарение на донацијата на компанијата Костал имаме целосно модернизирани, софистицирани два роботски системи. Сѐ почива на науката, иднината е во науката. Среќен сум што нашите студенти ќе имаат можност преку овие два современи роботски системи да стекнат знаења и вештини подеднакви на нивните колеги од најдобрите светски универзитети. Без современи роботски системи не може да се замисли модерен производен систем. Да ги зачуваме младите дома, а преку вакви проекти заедно да ја развиваме Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.