Власта ги кочи сите можни извори на средства за реализација на проекти во општините, бидејќи мисли дека ако градоначалниците не реализираат проекти со тие средства, така ќе паѓа нивниот рејтинг, а со тоа ќе паѓа и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, порача денеска од Свети Никола лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прашан за општинските обврзници, Мицкоски, порача власта целта на власта е да ги кочи овие општински обврзници за да не се реализираат планираните проекти.

Направени се улици со сопствени средства, многу работи, многу проекти се направени со сопствени средства затоа што власта врши притисок, ги крати средствата. Но, со домаќинско и чесно работење, во рамки на можностите, се реализира програмата. Повеќе од 90 проценти од капиталните проекти предвидени со буџетот, се реализираа – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната посета на Свети Николе.

Според Мицкоски, власта мисли дека ако градоначалниците не ги реализираат проектите со тие средства, така ќе паѓа нивниот рејтинг, со тоа ќе паѓа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, а рејтингот на Ковачевски и СДСМ ќе расте.

Се лажат. Тие што ги советуваат, ги лажат – смета Мицкоски.

Тој мисли дека власта ги казнува жителите на општините каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што не гласале минатата година за предлозите на СДСМ.

Владата на ДУИ и СДСМ не сака да дозволи Македонија да се развива. На следните предвремени парламентарни избори, масовно го повикувам народот да излезе, да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, да гласа за проекти, да гласа за реформи, да гласа за нови политики што ќе донесат иднина – додаде Мицкоски.

Повлекувањето на најавената даночна реформа во Собранието, Мицкоски рече дека било барање на ВМРО-ДПМНЕ, што по голем притисок од јавноста, како што посочи, Владата го прифатила.

Законот е доставен од Владата во собраниска процедура и тој помина во Комисијата за финансирање и буџет што ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски – рече Мицкоски.

Според него, тоа е добро посебно затоа што се случува во време на криза.

И тоа е добро што барем во овие моменти на криза, ќе имаме некаква предвидливост за да може бизнисот полесно да функционира, за да можат граѓаните да ги зачуваат работните места. И тоа е добра вест што се случи на предлог и барање на ВМРО-ДПМНЕ – додаде Мицкоски.

Тој укажа дека се случила уште една измена, а тоа е одложување на данокот или со кој требаше да се оданочуваат капиталните добивки преку издавање на недвижнини, потоа банкарски депозити.

Тоа повторно е олеснување и за бизнисот и нешто што беше повторно на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ – посочи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.