Мораме да бидеме внимателни, мудри и трпеливи. Секој чекор кој го правиме да биде многу сериозно осмислен а ризиците да бидат антиципирани со недели однапред. Се плашам доколку и овој пат избрзаме, тогаш Македонија ќе ја има се помалку а тоа повторно ќе биде на грбот на македонскиот народ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот на Телевизија Сител.

„Знам дека многумина се нетрпеливи, знам дека многумина ова не можат да го поднесат ова што денеска се случува и затоа молам за трпение бидејќи ќе си дојде се а потоа сите заедно ќе го вратиме сето она што е изгубено овие 5 години како резултат на овие политики на оваа Влада предводена од СДСМ“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека не сака инсталациите на СДСМ и Спасовски да оној чист пркост на народот да го контаминираат со нивните себични намери да ги сочуваат нивните фотелји и привилегии.

„Побараната општествена поддршка која ја побарав, подразбира и партиска но и не партиска поддршка затоа што од онаа наша активност која ја имаме на терен „Промените продолжуваат заедно со граѓаните“. Она што го слушам од граѓаните е потребата од промени буквално секаде“, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека нас ни треба општествена поддршка, партиска од политичките субјекти како Алијанса на Албанците, БЕСА и до сите останати кои не се задоволни од она што се случува денеска во Македонија, вклучително и од оние помали партии коишто се во Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.