Тука имаме една чудна би рекол навистина интересна состојба, истите тие кои што пред медиумите велат дека активната блокада не успеал, коленичат и плачат пред странските амбасади како ВМРО-ДПМНЕ блокирала, како ВМРО-ДПМНЕ бојкотирала итн. Значи зборуваме за луѓе кои што сакаат да бидат мачо пред медиумите и мислат дека така македонската јавност ќе рече браво вие сте цврста власт, покажете им како треба. А, од друга страна коленичат и солзи ронат пред амбасадорите и пред амбасадите мислејќи дека на тој начин тие ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, и сега ВМРО-ДПМНЕ ќе се уплаши и готово тоа што сме го наумиле ќе нема да го спроведеме. ВМРО-ДПМНЕ беше многу јасна и јас бев многу јасен, го чекавме 100 дена, подававме рака дури и лично губевме од сопствената супстанца, трпевме и удари од народот зошто сме млаки, зошто не нема, зошто молчиме – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Кисела Вода во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.
Но бевме свесни дека треба да оставиме 100 дена. Еве ова се би рекол од геостратешка смисла сложени моменти и за Европа и светот, сакавме да бидеме државо – одговорни како што секогаш бил ВМРО-ДПМНЕ така и сега. Поминаа 100 дена, дадовме последна шанса до Ковачевски и останатите за дијалог, рече тој.
Мицкоски додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ даде шанса, сепак власта одлучи на еден брутален начин да ја одбијат подадената рака.
Тоа е нивна одлука, дали е исправна времето ќе покаже. Но, она кое што ВМРО-ДПМНЕ тогаш го кажа и јас лично беше следново, се што не е од интерес за граѓаните ние ќе блокираме од Парламентот како прв чекор. Во понеделник ќе имаме седница на Извршниот комитет, ќе отвориме и дискусија и за вториот и за третиот чекор, ова е стратегија која што многу ќе трае. Ова нема да биде инстант акција која што ќе заврши денес или утре. Ова е стратегија која што ќе трае, јас не очекувам дека туку така ќе ја напуштат луѓето фотелјата која што ја држат. Бидејќи тие знаат дека никогаш повеќе во животот ќе немаат таква можност. И грчевито се борат небаре ова е последниот ден за сите нив. А, гледаат дека само народот е тој што губи, и ќе ја испорача народот сметката. Од една страна на медиумите ќе им кажат видете ние успеавме да го скршиме отпорот на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна пред странските амбасади ќе коленичат и ќе плачат и ќе викаат видете овие ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат – рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира активно секој оној закон, секоја онаа иницијатива како што беше онаа за Законот за автентично толкување за игри на среќа и ред други закони. Ќе ги блокира ВМРО-ДПМНЕ затоа што тие закони не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи.
Сакам да апелирам на одговорност и до Талат Џафери и до СДСМ и до ДУИ веднаш на седница да го стават Законот за заем од Светска Банка каде што 63 милиони евра ќе бидат вложени во општините во Македонија, во нова инфраструктура, во нови улици, во нова канализација, во нови водоводи. И наместо повторно да ги блокираат успешните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да го стават на Пленарна седница и да го изгласаме затоа што на крајот од денот бенефит од тоа треба да видат граѓаните, тие кои што ги плаќаат и нив, и нас. И затоа нека бидат барем еднаш одговорни и нека престанат да плачат по амбасадите, нека го стават законот на гласање и нека го поддржат затоа што тоа е сега, народот одлучил ВМРО-ДПМНЕ да има 50-тина општина каде што ќе биде власт, а они имаат 10—тина, 15 колку и да се. Но, на крајот на денот народот е тој кој што добива. Еве веднаш ви кажувам на отворена сцена дека тој закон ќе го поддржиме затоа што 63 милиони евра ќе бидат вложени во проекти, мислам дека тука ќе добие Кисела Вода повеќе од милион евра, ќе ги вложиме во подобри услови за живот на граѓаните – рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека сега е потребно одговорно однесување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.