Албанците во Република Македонија по 2001 година имаат многу висока застапеност на дипломатско и политичко ниво, а тоа е благодарение на визијата на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вели аналитичарот на Евроинтегративните процеси од Тирана, Дориана Метолари – зборувајќи за евроинтегративниот пат на Скопје и Тирана кон ЕУ.
Патот на европската интеграција на Македонија е процес кој препозна одлична посветеност на дипломатско ниво. Морам да кажам дека политичките сили на Албанците по 2001 година имаат многу висока застапеност на дипломатско и политичко ниво благодарение на визијата на Али Ахмети. Примарна улога во сето тоа имаше и првиот потпретседател на Владата на Македонија, Артан Груби, но треба да се додаде дека политичкото и дипломатското тло на Албанците е веќе направено, односно политичкиот ангажман оди напред благодарение на заедничкиот проевропски и про-американски дух. Партиите на Албанците имаат водечка улога во внатрешната и надворешната политика на Македонија, што гарантира дека нема да биде компромитиран проевропскиот и пероамериканскиот политички курс, изјави Метолари за Индекс.мк.
Таа вели дека патувањето на Македонија и Албанија кон ЕУ не запира, не отстапува, ниту политичкиот курс, европскиот и проамериканскиот.
Извор: Фронтал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.