Екипата на Алфа ТВ денеска се обидела да го најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на работното место откако три дена не одговарал на повицитена новинарката Росица Галабоска.

Сепак, Мерко иако дошол насмеан на работното место, не сакал да ги прими новинарите. Од оштинската администрација, пак, изјавиле дека ќе се огласи самиот кога за тоа ќе почувствува потреба. И изминатите два дена доаѓал на работа, но не примал странки.

Тоа што Мерко се најде нацрната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси, за повеќето стружани не е изненадување.

Мерко го тера четвртиот градоначалнички мандат. Во претходните три против него беа поднесени 14 кривични пријави, но само еден предмет е процесуиран во струшкиот Основен суд. Во 2018 година пак со пари од општината, за сума од 66.000 евра, Мерко купи автомобил Ауди А6 и четири шкоди во вкупна вредност од 114.000 евра. Антикорупциска во 2019 година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко за да се утврди дали тој незаконски трошел државни средства спротивно на јавниот интерес и на законите. За период од 2018-та до 2021 за репрезентација Мерко потрошил вкупно 139.296 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.