Ќе се знае точно, со име и презиме кој се огрешил и ќе си сноси последици. Отстапки нема да има, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити за случајот со Онкологија.

Меџити вели дека досега до Министерството не се стигнати поплаки од пациенти за Онкологија и апелира граѓаните да пријават ако имаат сомнежи за неправилности во лекувањето.

„Ви гарантирам како министер за здравство дека ќе има разрешување на случајот и нема целата лекарска фела да биде под притисок. Ќе има точно име и презиме кој се огрешил и тој ќе сноси последици“, рече Меџити.

Рече дека Обвинителството и истражните органи работат интензивно, а министерството е во постојана комуникација со нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.