Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска остварил средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.

На средбата, како што соопшти МЖСПП, се разговарало за досегашната соработка меѓу двете држави кои што имаат потпишано Спогодба за развојна соработка помеѓу Владата на  Република Македонија и Владата на Република Словенија и формирано заедничка Мешовита комисија за билатерална соработка помеѓу двете влади.

Вицепремиерот Меџити истакнал дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.

Амбасадорот Прескер ја потврдил подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.

Покрај другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.