Не можеме до недоглед да се расправаме, дојде време постигнатите договори да се вратат на основата за модернизација и европеизација на државата, ова денеска го порача вицепремиерот Изет Меџити на панел дискусијата за 23-годишнината од Охридскиот договор.
Меџити вели дека во последниве денови е оживеана темата ОД, за како што вели, инструмент за манипулирање со јавноста.
Охридскиот договор е договор за државата, не е договор за вечно учество на една политичка партија во власта. Периодот пред нас ќе биде период кога ќе отвориме нова етапа на политика и креирањето политики. Македонија од општество со договори ќе напредува кон општество што се разбира, рече меѓу другото Меџити
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.