„Тој доаѓа“ не е кампања за премиер Албанец, туку е кампања за најава на средба на Али Ахмети со граѓаните во Скопје. Вака веруваат незадоволните ДУИ, кои кампањата што ја иницираше Артан Груби ја нарекуваат смешна и осудена да пропадне. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, вели дека Ахмети е секојдневно во Скопје и има стотици средби со граѓани.
Жал ми е што Ахмети толерира и дозволува Груби да го злоупотребува и оцрнува со оваа кампања. Ова е кампања од типот ‘Не може да седи со нас’ и тогаш добивме одзив од народот. Дури оваа кампања е и страв во сржта затоа што гледате дека не се добредојдени во Чаир, само функционерите се среќаваат меѓу себе, додека граѓаните на Чаир не ги пречекуваат. Сакаат на секој начин да ја наполнат салата со притисоци, уцени и закани врз административците – рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ, пренесува АлсатМ.
Реакцијата на Меџити доаѓа еден ден откако Груби и симпатизери на ДУИ објавија фотографија со натпис „Тој доаѓа“ што главно беше сфатено како кампања за најава на првиот премиер Албанец со 100 дена мандат.
Меџити од средбите со граѓаните во Полог повика некои личности од неговата партија да се откажат од напорите за промена на Законот за игри на среќа. Според него, вмешаноста на членовите на ДУИ во оваа работа ќе ја оцрни самата партија.
Јас од овој месен совет ја користам можноста да ги повикам и Талат Џафери, Фатмир Бесими, а особено Артан – рацете подалеку од казината, од коцкањето. Ние пратениците, гласачите и милитантите на ДУИ заедно нема да дозволиме ДУИ да влезе во казината и да ѝ стави дамка која никогаш нема да може да ја отстрани – додаде Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.