Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска имал средба со претставници на повеќе граѓански здруженија – „ЕСЕ“, „ХЕРА“, Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ, „Заедно посилни“.
Како што се наведува во писмената изјава на Меџити, се зајакнува соработката на Министерството и граѓанските здруженија, со посебен фокус на примарната здравствена заштита и превенција.
– Целта е превентивните и куративните програми на Министерството да ги опфатат и поспецифичните потреби на ранливите категории граѓани, како што се лицата со малигни заболувања, активната здравствена заштита на мајки и деца и други актуелни теми за заштита на ранливите категории граѓани, се наведува во соопштението.
Заедничката соработка е во насока на унапредување на процесот на консултација со граѓанскиот сектор, се додава, „особено со засегнатите целни групи при планирање и подготовка на програмите, активно вклучување на граѓански организации во испорачувањето услуги за ранливи групи граѓани, како и поголема проактивност на здруженијата во мониторинг на потребите на овие лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.