Предводникот на Фракцијата на ДУИ, Изет Меџити за ТВ21 проговори за последните случувања.
Имено, во јавноста постојат сомнежи дека оваа група се распаѓа, но иако не зборуваше за поделби, сепак Меџити вели дека има разлики.
Разговараме со нашите пријатели, но имаме разлики. Кога влеговме во оваа работа, влеговме со цело срце и не за да играме. Ги искажавме нашите забелешки и критики на она што беше интуиција и на она што го видовме кога оваа извршна власт го изгуби патот кон ДУИ и го оддалечува од неговите цели и идеали. Ниту јас, ниту моите пријатели од реонот не сме предвиделе дека ДУИ отишла толку далеку – рече тој пред камерата на ТВ21.
Тој вели дека гледајќи го сето тоа, се отвара и дилемата каде да одат.
Со сите структури разговараме дека се отворени сите опции за формирање на ново движење – додаде тој.
Тој рече дека ДУИ го разрешила секој член кој бил со иста идеологија како нив, но тоа според него не треба да биде причина да се предаде.
Или ќе ја продолжиме битката, или ќе си одиме дома и ќе се предадеме, рече понатаму Меџити.
Извор: ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.