Листите за пратеници на Коалицијата Вреди, за разлика од оние на нашите опоненти, се од вистинска вредност. Коалицијата Вреди пишува историја и за првпат ќе се натпреварува со листи за пратеници во сите изборни единици, нешто што досега не го направила ниту една албанска политичка партија, изјави попладнево портпаролот на Движењето Беса, Фатмир Сабриу на прес-конференција.
Од првата до шестата изборна единица, Вреди се натпреварува со листи на пратеници, кои многу се разликуваат во споредба со листите на таканаречениот – Европски фронт. Ако нашите политички противници од мака и страв од губење на изборите, вратиле на политичката сцена и ќе се натпреваруваат со најистрошените политички личности, кои за жал, се дел од мрачната историја на албанската политика во Македонија, Вреди има нови личности со високо интелектуално, професионално и морално ниво. Додека т.н. Европски фронт ќе настапува со личности кои се на американската црна листа и протагонисти на разни корупциски скандали, Коалицијата Вреди на овие избори ќе се натпреварува со досега докажани личности, кои ќе обележат убедливи и историски победи и кои ќе бидат главни непријатели на криминалот и корупцијата што ги подметна оваа власт, рече тој.
Сабриу информираше и за носителите на листите. Носител на листа во Првата изборна единица е Изет Меџити, во Втората – Африм Гаши, во Третата – Шенер Билали, во Четвртата – Мендурим Зекмани, во Петтата – Салим Сулејмани, а во Шестата, Билал Касами. Поранешниот министер за здравство Беким Сали е коносител на листата во Првата изборна единица.
Исто така, сите други кандидати вклучени во листите за пратеници во сите изборни единици се личности со целосен кредибилитет, извонредни интелектуалци, истакнати професионалци во својата област и кандидати кои ќе ги застапуваат интересите на албанскиот народ во Собранието, посочи Сабриу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.