Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити смета дека прашањето за евроинтегративниот пат на Македонија беше, е и ќе остане „топ приоритет“ на државата, бидејќи, како што вели, е единствената алтернатива за сите граѓани.

Оценува дека оваа власт има демократски капацитет и дека има бројки и знае да го води патот.

Меџити денеска директно посочи дека власта се соочува со деструктивна опозиција.

-Додека ние сме посветени на реализацијата на програмата, опозицијата отвори теми кои за осум години не успеа да ги реши. Дури и сега злоупотребуваат судска власт за дневна политика, рече вицепремиерот.

ДУИ по 100 дена од новата влада, критикува дека „ВЛЕН“ секојдневно не оддалечува од интеграцијата во Европската унија и ја приближува државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија. Од друга страна, пак, од СДСМ велат дека интегративците им помагаат на ВМРО-ДПМНЕ и дека се во тајна коалиција, по поддршката за двотретинско мнозинство во Собранието за одредени законски решенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.