Aли Ахмети е наш лидер сме го подржувале 20 години, подтотвени сме да го поддржиме и понатаму, не проблемот до нас, прашањето до него е дали ние сме му потребни, праша Изет Меџити во вестите на „Сител“. Тој смета дека во политиката никогаш нема не и имаат демократски механизми што ќе ги искористат за да дојдат  до вистината.

Бараме да не се губи контактот со реалноста, бидејќи цениме дека ДУИ го има изгубено контактот со реалноста.Добро е што после нас и тие се среќаваат со граѓаните.Целта е да се слушне гласот на гласачот на граѓанинот а не на тие што се на позици, оти тогаш пак нема да се добие реалната слика. Убедени сме дека сме во право и ќе дојдеме до компромис-смета поранешниот градоначалник на Чаир.

Тој е убеден дека проблемот во ДУИ е Груби а не претседателот Ахмети.

Кога зборуваме за Груби и доброто и лошото паѓа на негов грб.Тој е прв вицепремиер во Владата-посочува Меџити.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.