Меџити, добар ли си со главата? Ќе ни носиш доктори од Тетовскиот? Мрш! Поддршка за доктор Јовев! Вака актерката Ирена Ристиќ на социјалните мрежи испрати порака до министерот за здравство Фатмир Меџити, кој го разреши проф. д-р Сашко Јовев од раководната функција на Клиниката за кардиохирургија. Д-р Јовев го предводеше големиот тим кој ја изврши правата транслантација на срце изврешна во Македонија.
„Ако првата трансплантација на срце и уште неколку други кои уследија после тоа, не се резултат и тоа за највисоки почести во државава, онда не знам што е! напиша Ристиќ.
Разрешувањето на кардиохирургот наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така и од граѓаните. Јовев добива поддршка, а неговата смена е дочекана со критики. На социјалните мрежи има и јавни личности кои изразуваат поддршка и бараат одлуката за промена да биде итно повлечена.
Не вирее професионалец овде, напиша докторот Ненад Лазаров.
Со став се јави и докторот Александар Стојкоски, актуелен градоначалник на Ѓорче Петров.
Со вакви мерки стимулирате само повеќе карти во еден правец надвор од државава! Има разлика, напиша тој.
На прашањето зошто го разрешил, министерот Меџити рече дека на клиниките нема да остави директори што спијат и немаат резултати.
Нема да има директори што седат, спијат и немаат резултати. Затоа е здравството во ваква амортизирана состојба. Ова е само почеток, со мене како министер и со кабинетот нема никој повеќе да седи, ќе поднесе извештај што има сработено“, рече министерот Меџити по вчерашната промоција на можноста за електронско пријавување новороденчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.