„Јавно го прашуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како најголем успех го прогласи претседавањето со ОБСЕ, како ќе го оправда бојкотот и примитивното однесување утре пред меѓународните партнери?“, рече Изет Меџити на прес-конференција.
-Али Ахмети е најголемиот губитник по денешниот изборен процес и ја запечати својата комплетна изолација од сите релевантни политички чинители, потенцираше тој од партиската говорница на ВЛЕН.
Како што рече Меџити, изборниот процес не бил демократски бидејќи институциите се ставиле во служба на ДУИ, но гласачите одолеале на притисоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.