Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ја посети Дирекцијата за заштита и спасување, каде што беше пречекан од директорот Џеват Селами.
Директорот Селами на состанокот, на кој присуствуваше раководството на дирекцијата, информираше за секојдневните активности што ги презема оваа институција.
Меџити ја пофали работата на оваа дирекција, за која изјави дека одигрува многу важна улога во брзите и ефективни одговори на различните кризи кои ја погодија државата, ја има и ќе ја има континуираната поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Спроведувањето на мерки за заштита на граѓаните од природни и вештачки ризици, идентификување и анализа на ризици кои можат да влијаат на безбедноста на граѓаните и инфраструктурата, се дел од главните задачи на оваа дирекција, и овие активности се превземаат многу успешно“, рече Меџити.
Тој додаде дека нивната реализација бара координација на активностите и тесна соработка со централните и локалните институции, како и со релевантните организации за да се обезбеди ефективен одговор на кризите.
Меџити изјави дека Дирекцијата за заштита и спасување започнала сериозна агенда за реформирање на сегашниот систем, со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на својата дејност, со целосна посветеност да им служи на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.