Законот за јазиците нема можост да се укине гарантира првиот вицепремиер Изет Меџити. Во Клик Плус, изјави дека Законот треба да се унапредува бидејќи и онака не е целосен, алудирајќи на дефиницијата 20% за албанскиот јазик. Тој спомна три члена на законот, кои се во врска со униформите на полицијата и армијата, банкнотите и судските постпаки.

„Доколку условно се бришат овие три члена, ќе видиме една политичка состојба за да дебатираме за закон кој ќе го унапредува албанскиот јазик, но ќе биде и во согласност со Уставот, со цел да не оставиме простор во иднина некој да го толкува како што сака. Но сакам да заокружам дека не се загрозува албанскиот јазик како службен. Тој е дел од правниот систем. Значи како што останал. Во Влада се користи, во Парламент се користи, во институциите се користи“, вели Изет Меџити.

Што се однесува до законот за бранителите, вели дека истиот ќе остане блокиран и дека пратениците на ВРЕДИ нема да го гласаат овој закон. На прашањето дали ќе поднесат оставка доколку помине овој закон, вели дека тие не се заедно со подносителот, Славјанка Петровска.

„Значи иако иницијативата не е на владата“.

-На СДСМ, разбирам, разбирам.

„На опозицијата е, е сега ние што да правиме, да излеземе од влада и да одиме заедно со овие што го предложија законот за бранителите?“

-Јас ве прашувам вас што ќе правите доколку…Премиерот рече, да одиме, нека му е среќен пат на Снопче. Слушнавте и вие.

„Избрзани беа изјавите. Ние мислиме дека владата има капацитет да го изменаџира ова прашање. Е сега прашањето е ако излеземе што ќе направиме? Да одиме и да бидеме со Славјанка?“

За законот за бранителите Меџити се чуди со СДСМ за тоа како од една демократска партија наеднаш стана националистичка. Предлагачот на овој закон, Славјанка Петровска пред неколку дена затвори врата за можна вклученост на екс припадниците на ОНА, но нејзиниот сопартиец Фатмир Битиќи, остави отворена врата за дискусија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.