Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој е член на централното претседателство на Алијанса за Албанците на новинарско прашање за идната соработка за претстојните избори посочи дека неговата партија е одлучувачки фактор. Воедно потенцираше дека главната насока на соработка ќе биде напредокот кон Европска Унија.

– Ова е најголемата дилема моментално. Јас како член на Алијанса за Албанците се радувам за фактот што партијата моментално е одлучувачки фактор и постојано се очекува каде ќе се приклучи но тоа што сакам да го истакнам е дека ние сме за напредок кон Европската унија и зачленување во Европската унија тоа е главна цел на Алијанса. Тоа ни е препорачано од нашите европски и меѓународни пријатели. Јас сум лекар и моите заложби се пред се во оваа насока и во однос на коалицирањето можеби посоодветна адреса за прашување би требало да бидат партиите, изјави денеска Меџити при посетата на тетовската болница.

На новинарско прашања какви се плановите со директорот на тетовската болница, Илир Демири со оглед на претстојната реорганизација во Владата, министерот со одговор дека заложбите се веќе да нема политички одлуки за функциите во здравството и образованието.

– Ние се залагаме со директорот да не правиме и да не воведуваме политика во тетовската болница и се да биде во интерес на болницата, да ја тргнеме политика еднаш засекогаш и од здравство и образование, тоа ни е должност, изјави Меџити.

Во тетовската болница денеска бепе промовирана нова школа и соба за доење, формирана со донација на Пивара Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.