Струмичанецот Стефан Димковски, кој го возел Љупчо Палевски-Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, пред полицијата негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство. Според информациите на „Скопје 1“ околу исказот вчераприведениот возач, тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3 декември – датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо.
Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека Димковски бил уапсен на влез во Македонија, на граничниот премин кај Дојран. Нему му е одреден 48-часовен притвор, по што ќе се знае каква кривична пријава ќе заработи.
Тој самиот си постирал слики на ФБ од рутата токму на денот кога се возел со осомничениот за убиство Палчо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.