Дебата на тема „Државна матура 2023: што велат матурантите?” се одржа денес во организација на Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС).

На дебатата на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и за тоа како тие предизвици ќе влијаат на полагањето на државната матура.

Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немале ниедна целосна непрекината учебна година, и тоа се одразува на нивното образование. Во таа смисла дел од предлозите што произлегоа од дебатата беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично.

Од ОДАС велат дека овие заклучоци ќе им бидат доставени на надлежните институции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.