Не барајте лекарска помош утре ако имате растечен нос или болка во грло, апелираат матичните лекари. Велат пациентите постпразнично да не инсистираат по секоја цена да бидат прегледни, туку да остават предност на оние кои имаат потешка слика.
Слушам изјави на колеги и се чудам ќе капитулирало примарно здраство. Па тоа е веќе капитулирано. Нема ординација во Скопје која за последните пет дена нема по минимум 40 позитивни пациенти а во некои ординации и многу повеќе. И да сакаме сите да ги прегледаме утре тоа е невозможно и пациентите треба да имате разбирање прво тие со потешка слика па утредента останатите – пишува во својот статус доктор Драган Ѓоргиевски.
Тој посочува оние пациенти кои се со грлоболка и течење на нос налик на настинка да не трчаат во ординации утре.
Ишмукајте некоја пастила и ставете капки во нос па во вторник ќе дојдете ќе бидете и вие прегледани но пак ќе речам првин оние со потешка слика. Изолирајте се и не одете на работа да ширите вируси. Останатата патологија не знам и колку ќе биде безбедно да доаѓате во ординациите на Вашите матични лекари освем ептен ако не е нешто итно и неодложно. Ако имате потреба да дојдете закажете се претходно. Телефоните фиксни и мобилни утре ќе бидат во втор план и научете се дека во ваков хаос нема кој да ги опслужи телефоните. Нажалост тоа е реалноста. Колку и да е сурова се предупредуваше за вакво нешто и се молеше да не се прават прослави да се вакцинирате да не одите во ординации по 5 пати туку се што имате да прашате тоа да биде со едно доаѓање , Вие не нѐ послушавте…. – стои во статусот на докторот.
Тој посочува дека Министерството за здраство и комисијата слават од нив не ни очекува некакви мерки, кои речиси и не постојат.
Експертите зборат нив никој не ги есапи. Можеби хоспитализациите се стабилни засега но омикронот ни ги направи амбулантите фебрилни болници. Грипот нејќам ни да го спомнувам. Ваква организација на системот нема нигде. Хаотичност до лудило. Јас само едно знам дека утре јас и моите колеги од примарно здраство излегуваат на бојни полиња да се борат кој како знае и умее бидејќи правила на игра нема а никој не застана зад нас. Нека им служи на чест за ова што го направија – пишува матичниот лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.