На денешната изборна Конференција на Социјалдемократска Младина на Македонија за претседател реизбран е Марко Михаилоски. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека СДММ е извор на нова енергија и движечка сила на СДСМ која тежнее кон постојани општествени промени, за сигурна иднина и подобри услови за живот на младите.

Младите ја имаат мојата поддршка и ги охрабрувам, бидете активни, бидете гласни, делувајте, младинскиот активизам е првиот чекор за подобро утре.
Очекувам уште поголема активност, нова енергија и силна младинска акција. Во духот на социјалдемократијата, заедно да се справиме со сите предизвици пред нас, да направиме подвизи за нови општествени промени, порача Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.