Подобар пат од ЕУ немаме, секоја друга алтернатива за земјава ќе ги стимулира граѓаните да го бараат спасот надвор од државата. Ќе гледаат како да одат да работат во земјите-членки на ЕУ со својот или со друг пасош, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Сепак, според Маричиќ, за процесот на европеизација потребна е поддршка и помош од сите граѓани – да се почитуваат законите и да се користат можностите на ЕУ.
Влезот во ЕУ, според вицепремиерот, не значи автоматско исчезнување на проблемите, но значи учество во систем кој има начини да ни помогне за да ги решиме проблемите, многу подобро и полесно отколку доколку сме надвор од тој систем.
Низ процесот на пристапување во ЕУ токму тоа сакаме да престане, за македонските граѓани со својот пасош да ги имаат исите можности и придобивки кои ги имаат и останатите граѓани на ЕУ. Процесот на европеизација или трансформација заради ЕУ е процес кој нам ни помага. Токму затоа треба и поддршка и помош од сите граѓани – да се почитуваат законите и да се користат можностите на ЕУ. ЕУ не е проект на кој треба да гледаме романтично, туку треба да се гледа како начин за подобрување на живтот, рече Маричиќ во „Здраво Македонијо“ на Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.