Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска одржа средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи, на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.
-Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, посочил вицепремиерот Маричиќ.
Воедно, на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, Маричиќ порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштија од СЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.