Да оставиме простор. Мислам дека имаме време. Никој нема да претрпи штета од внесувањето на уште три или четири заедници во Уставот. При тоа зборуваме за 3500 декларирани Бугари според пописот, 2145 Хрвати и околу 1000 Црногорци. Дајте да влеземе во суштината на уставните измени, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ околу евентуалното отворање на Уставот во Собранието.
Според него, ако отвориме премногу прашања околу Уставот, тогаш ќе биде Пандорина кутија.
-Ако се држиме само до она што ни е превземена обврска како со Преспанскиот договор, може многу брзо и едноставно да се заврши. Ве уверувам дека кога ќе дојде моментот за изјаснување, сите ќе бидат на нивото на задачата. Ги познавам сите пратеници што гласаа за Преспанскиот договор и можам да кажам дека никој од нив не бил ниту купен, ниту уценет. Имаше еден процес на помирување, меѓу тоа сите тие што гласаа веруваа дека тоа е исправно. Тезата дека сите кои гласале биле уценети, не држи, вели Маричиќ и додава дека нема да го чуди доколку „ВМРО-ДПМНЕ се предомисли“ за уставните измени.
-Многу пати се предомислиле за многу работи. Хаосот во своите редови партијата не може да го покрие со барање за некакво изјаснување за референдум или нови парламентарни избори, рече вицепремиерот во емисијата „Топ тема“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.