Сите мои трошења во кабинетот и како министер за правда и сега се транспарентни. Еве јас ќе ве прашам, тука пример имавме можност и да ручаме, и таа сметка може да ја објавиме. Ова беше работна средба, накоја седум луѓе ручаа на државна сметка. Ако мислите дека тоа е некаков проблем или вон нормалните рамки, јас со тоа не се согласувам. Седевме три саати, беше работен ручек. Сите сметки кои стеги објавиле се во рамките на дозволеното законско трошење, колку штое определено за секој министер месечно. И за секоја од тие сметкипостои записник, кој бил  одговори Бојан  Маричиќ откако беа објавени сметките што ги направил по ресторани.

На сите прашања поврзани со сметките и јадењето на државна сметка,Маричиќ имаше само еден одговор:

„Сите се потрошени за делегации, ќебидете детално известени“. Иако се потрошиле скоро 300 евра вопицерија, тој не се сети ниту кога било тоа, ниту со кого, ниту каква средба одржал.

„Може ли да ви доставам бидејќи не можам да се сетам? Сите средби сепокриени. Со кого сум бил таму каде што барате, не знам, проверам и ќе ве известиме“, рече Маричиќ на што доби реакција од новинар: „17илјади денари за пици, а не ви текнува како сте ги потрошиле.. Малку енелогично. Прашуваме за интенцијата да не се штеди, особено што
имаме повици од премиерот цело време да бидеме рационални. Додекавие бевте внатре, колата надвор 2,5 часа ви работеше, во место. За да селади шоферот внатре“.
По ова, Маричиќ одново се обиде да се оправда: „За интенцијата, да викажам дека сите трошоци за репрезентација се скратени за 50 отсто идека максимално рационално се трошат и никогаш не сме излегле одтие рамки. Кога имаме странска делегација.. Ако сакаме да угостиме министри, секако тоа ќе се плати“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.