Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел дискусијата во рамки на Европскиот самит во Салзбург на тема „Дали Европа ќе ги преживее кризите?“, на кој рече дека само обединета, одлучна, со јасен план и стратегија ЕУ ќе успее да ги надмине предизвиците со кои се соочува во моментот.

– Новата реалност која ја живееме и ние и ЕУ бара конкретни чекори и одлуки кои ќе нè прават поединствени и ќе нè водат напред. Само со правилни одлуки и јасен стратешки план за проширување Европската Унија ќе ги надмине сегашните предизвици, рече Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.