„Подобро е да работиме на промена на Уставот, а потоа да разговараме на избори и за сите други прашања, а стратешката определба да ја задржиме, бидејќи граѓаните сакаат во ЕУ и тоа не треба да го занемари Мицкоски“, рече вицепремиерот Маричиќ во Дневникот на Сител телевизија.

Маричиќ појасни дека не можеме да влеземе во ЕУ исклучиво под наши услови и дека внесувањето на Бугарите во Уставот, нема на каков било начин ќе го загрози нашиот идентитет.

„Ако рационално погледнеме на работите, придобивките на процесот на евроинтеграција се многу поголеми отколку внесувањето на уште три заедници во Уставот. Она што нас нè интересира и што нè води при носењето одлуки е желбата на граѓаните да сме земја членка во ЕУ“, истакна Маричиќ и додаде дека ако граѓаните сакаат во ЕУ, политичките фактори се должни да направат сè, зачувувајќи ги идентитетот и националните интереси да се оствари таа цел. Маричиќ смета имавме историска година во евроинтеграциите и година во која добивме датум за почеток на преговорите со ЕУ, а процесот на преговори, кој е во тек, е долг и има многу отворени прашања, кој според него во тие прашања или ќе успееме да ги совладаме или тие ќе нè совладаат нас и ќе нè блокираат.

„Но, она што е битно е дека по првпат, ветото може да дојде од домашен политички фактор. Секогаш сме биле блокирани од друга држава, а наредната година може ќе бидеме блокирани од ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Маричиќ, потенцирајќи дека тоа ќе биде навистина трагично, после 17 години чекање, тешки одлуки и компромиси за решавање на билатералните прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.