На сите нѝ е добро познато дека единствената наша домашна задача поврзана со отворањето на поглавјата не може да се реализира поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи сѐ додека не го завршиме дополнувањето на Уставот, овој застој практично ги става во лер, на неопределено време процесите и сѐ она што е сработено. Ги успорува процесите, ги одложува најважните придобивки за граѓаните и ја става земјата во незавидна позиција,вели Бојан Маричиќ за „Рацин.мк
Наместо веднаш да влеземе во процес на отворање на кластерите, усогласување со европските стандарди по различните поглавја, опозицијата нѝ приредува ново одлагање, нова неизвесност.
Наместо да ги отвориме можностите за уште повеќе европски фондови, опозицијата посакува да ѝ се сврти грб на Европа.
Да потсетам, во 2008 година го пропуштивме возот поради политиката на ВМРО-ДПМНЕ која тогаш беше владеачка партија. Нивната одлука да играат на националистичката карта и да освојат уште еден мандат, притоа водени од сопствениот интерес, а не од интересот на нашата земја, се оттргнавме од патот кон Европската Унија, имавме бројни внатрешни кризи, уназадување на демократијата. Дури и Европската комисија не етикетираше како заробена држава во својот Годишен извештај во 2015 година и сето тоа нè втурна во повеќе од една деценија чекање и стагнација.
Ако не ја донесеме одлуката што ќе не придвижи напред, повторно ќе се случи истото, истата партија која иако е во опозиција, мора на дело да ја покаже својата теоретска посветеност за полноправно членство во Европската Унија. Дотолку повеќе, не смееме да го потцениме потенцијалот од евентуална внатрешна криза доколку сега не го продолжиме пристапниот процес.
За среќа, не може да стане збор за прекин на преговорите, тоа задоволство нема да ѝм го пружиме на ДПМНЕ. Преговорите се активни, скринингот е завршен, успешен и верификуван од Европската Унија, единствено што за да ги отвориме поглавјата ни требаат уставните надополнувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.