Ние немаме право дa се откажеме од иднината и немаме право да се откажеме од ЕУ како наш најдобар и единствен пат и затоа овие избори се токму за тоа и СДСМ е токму партијата која во изминатите седум години поднесе многу политички жртви, за тешките одлуки, порача во интервју за „Реално“ на 24инфо.мк вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

Имавме проблеми, имаа граѓаните многу проблеми, но никогаш не ги напуштивме. Помагавме толку колку што можеше во тој даден момент, сигурно дека имаме и недостатоци, грешки но патот беше трнлив. Она што може да го ветиме е дека најтешките години се зад нас и во наредниот мандат може да се посветиме на подобрување на сите недостатоци кои ги имаме, фокусирање на прашањата кои ги имаме поврзани со владеењето на правото и борба против корупцијата. Еве и законот за рестриктивни мерки го повторуваме повеќе пати да биде донесен во Собраниете. И да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, да ја вратиме вербата на граѓаните дека има надеж за подобра иднина. Тоа може само со ЕУ. За жал ВМРО – ДПМНЕ нема план за тоа, ние имаме план и со таа понуда изглегуваме пред граѓаните“ посочи тој.

Маричиќ е убеден дека со добри политики и посветеност во реформите, за шест до седум години возможно е полноправно членство на државата во ЕУ.

Тој пат не треба да го идеализираме, тој пат е трнлив. Не треба ни да даваме преголем оптимизам на граѓаните, ниту пак да велиме ете ќе биде се розево. Но, сметаме дека тоа е нашиот пат, дека тоа е механизмот за суштински реформи, за вистински промени, за економски развој и за промена во клучните политики“ заклучи Маричиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.