Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, му се нафрлија на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за однесувањето кон пратеничката Дафина Стојановска, која кажа дека и праќал бакнежи од собраниските клупи додека зборувала.

„Ова дно од Министер, денес упатуваше бакнежи од место кон моја колешка Дафина Стојаноска, додека истата зборуваше на собраниска говорница.

И не е прв пат да дофрлуваат, примитивно и без срам луѓево кои ќе не носеле во Европа, а всушност се НЕИЗЖИВЕАНИ! Недостоен е да биде Министер!

Прашање до Маричич: некој да и пуштал “бакнежи” на твојата сопруга додека била пратеничка, и додека зборувала на говорница, ок ќе беше???“, напиша Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Се приклучи и Антонио Милошоски.

„Она кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам!“, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.