Вицепремиерот Маричиќ денеска во Атина на средба со Варвициотис

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска, 11.01.2023, престојува во еднодневна официјална посета на Атина, Република Грција каде ќе оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.

 

Македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови можности за соработка се темите на кои Маричиќ ќе разговара со својот грчки колега Варвициотис, брифираат од Секретаријатот за европски прашања.

 

Во рамки на посетата на Атина, Маричиќ ќе учествува, како главен говорник, на тркалезна маса организирана од Програмата за Југоисточна Европа на Грчката фондација за европска и надворешна политика, ЕЛИАМЕП.

 

После состанокот на двете делегации предводени од вицепремиерот Маричиќ и алтернативниот грчки министер Варвициотис, ќе следат изјави за медиумите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.