Маја Манолева, вршител на должноста министер за здравство и довчерашен заменик-министер од СДСМ, зборувајќи за сè почестото иселување на младите лекари од земјата, во вчерашната „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во изминатите седум години власта направила многу за здравството.

Сметам дека изминатите седум години многу се направи во здравството, и се направија и добри услови, така што тоа ќе ги задржи младите кадри. Дополнително, се направи многу околу платите да бидат пристојни. Пред 5-6 години имаше огромен одлив на млади кадри во Германија, но сега тоа не е така, затоа што и пазарот таму се наполни со кадри од овие простори. Така што сметам дека младите лекари ги имаат сите предуслови да останат тука, рече Манолева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.