Најава за нови инвестиции, но и истраги. Мандатарот Мицкоски очекува кога ќе се формира новата Влада првата инвестиција во земјава да биде токму во енергетиката – ветерна фарма во источниот дел на земјава. Но, најави и истрага за тоа што се правело во минатото во овој сектор. Рече дека криминал имало и тоа мора да престане, но нагласи и дека нема да се повторува во иднина.
Лично ќе се фокусирам на тоа, бидејќи треба да запреме со овој процес на грабеж на земјата ако сакаме оваа земја да се развива. Да се откријат сите тие шпекулации, да се откријат криминални дејства од минатото. Во минатото имало доста шпекулации во енегретскиот сектор, криминални злоупотреби, увоз по двојни цени и така натаму. Ова е нешто што нема да се повтори во иднина, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.