Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, информира дека во тек е реконструкција и опремување на Задружен Дом во село Пчиња.

Во тек е реконструкција и опремување на Задружен Дом во село Пчиња, објект од 200 м2 кој беше руиниран, а кој треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура, како дел од проектот Светлина од минатото кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство со Историски Музеј – Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа, рече Димитриевски.

На приземјето ќе се сместат инфо центарот за посетители (мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат), галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на катот се наоѓаат 2 канцеларии – администритативен простор на објектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.