Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во интервјуто за Радио Слободна Европа најави дека во септември или октомври ќе биде регистрирано неговото политичко движење во Скопје кадешто ќе се престави целосниот концепт на здружението и ќе се покаже кадровскиот потенцирал.

 

 

 „Движењето е составено од луѓе кои се докажани во своите професии, но и дополнително луѓе кои не влечат никакви политички опашки и опашки во јавниот живот во државата. Успешни луѓе од својот сегмент на работење и делување. Отворени сме за сите, и за социјалдемократи, и за припадници на ВМРО, и за луѓе коишто биле во други политички партии. Буквално, сме отворени за соработка со сите, нема простор единствено за оние кои се одговорни за состојбата во којашто Македонија се наоѓа денеска“, потенцираше Димитриевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.