Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка. Од билатерален дозволувате да се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци а дополнително се обидувате да ја релативизирате тежината на предлогот, напиша кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на Фејсбук.
Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државни интереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле. Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата и втората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не го застапува нашиот национален и државен интерес. Македонскиот народ и сите граѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе го
надминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни и пообединети ЗА НАША МАКЕДОНИЈА. Македонецот опевал и ќе опејува многупати за јунаштво и подвиг но исто така и за предавство и самопонижување… Вие самите од власта изберете си ја песната, јас мојата многу одамна ја избрав. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!” пишува Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.