Општина Куманово и Регионалната Занаетчиска Комора Куманово потпишаа договор за субвенционирање на занаетчии кои се занимаваат со стари занаети како што се грнчари, филигранисти, ковачи, крзнари, шапкари, саатчии, кондурџии, се со цел да се спречи изумирањето на старите занаети, да се стимулира претприемништвото и да се негува локалнататрадиција.

Ова е прв пример од ваков тип во државата каде Општината ќе ги субвенционира старите занаети со готови средства. Занаетчиите имаат потреба од подобрување на условите за работа во занаетчиството, обезбедување пазар, подобрување на квалитетот на занаетчиското производство, но и повторно враќање на старите занаети, особено на оние кои со себе носат културни и етно белези. Субвенционирањето на стари занаети ќе се врши согласно Програмата на Сектор на меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР. Голема чест и значење за мене има писмото за благодарност кое го добив од претседателот на ЗКРСМ Агрон Фазлији, во името на сите занаетчии од државата“, рече градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.