Кога и да се случат наредните парламентарни избори иницијативата „За наше Куманово“, која ќе се преименува во за наша Македонија, за подобра држава или како било, ќе победи на наредните парламентарни избори, кога и да се случат, изјави актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Кога и да се изборите, иницијативата „За наше Куманово“ дотогаш ќе се трансформира во државна иницијатива, дали таа ќе се вика за наша Македонија, за подобра држава или било како ќе биде граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните и ќе учествува на избори без разлика дали ќе има своја официјална регистрација како субејкт или со обезбедување на потписи од граѓаните, а на следните парламентарни избори кога и да се случат ќе издвојува убедлива победа. Ве уверувам дека тоа ќе се случи на државно ниво, зошто? Затоа што конечно после 30 години во независна држава е дојдено време на граѓанинот – рече Димитриевски.

Тој истакна дека здружението продолжува со работа уште поинтензивно во цела Македонија.

Од Куманово отидовме во Прилеп, од Прилеп отидовме во Крушево, од Крушево отидовме во Тетово, од Тетово сега ќе одиме во Кочани, од Кочани ќе одиме во Штип, од Штип ќе одиме во Гевгелија и така ќе ја поминеме цела Македонија. Ќе создадеме вакви здруженија на граѓани, значи не политички партии затоа што граѓаните се уморни од политиката и политичката поделеност. Нашето општество е поделено во целост по политички основ. Потребна е нова политичка сила којашто ќе излезе од граѓаните и за граѓаните, да ги седне сите на иста маса – посочува Димитриевски.

Некаде во август месец минатата година кога почнав со формирањето на иницијативата, со собирањето потписи, тргнав за создавање на таква иницијатива. Не беа лесни изборите, бевме под огромен притисок, се боревме на сите фронтови, но знаете кога ќе ја почувствувате енергијата од граѓаните и поддршката којашто ви доаѓа едноставно вие сте непобедиви. Се до моментот додека ја имате поддршката од граѓаните може да се однесувате така. Ја почувствував таа енергија, ги освоивме изборите, размислував што понатаму, дали ова што се случи во Куманово можеби треба да биде една нова иницијална каписла на ниво на држава за да се подосвести и државата во која насока одиме. Се уморивме да живееме како странци во сопствената држава. Ние денеска живееме во држава во којашто се чувствуваме како граѓани од втор ред. Додека, поединци во власта ги уживаат сите права, да не зборувам за претставниците од ДУИ и коалициските партнери на власта, како истата власт којашто рамо до рамо се боревме против претходниот режим всушност се трансформираше во нешто исто и многу полошо, бидејќи многу пософистицирано го работи тоа што претходната власт го работи, изјави Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.