Од компанијата „Макпетрол“ вечерва информираа дека во складиштето на компанијата лоцирано во населбата Илинден нема пожар, ниту експлозија, како што известија дел од медиумите.
Инцидентот за кој што медиумите објавија информации се случил во близина, односно на железничката станица Илинден, но на никаков начин не е поврзан со складиштето на „Макпетрол“.
Дел од медимите, вечерва пренесоа дека настанот во кој загина малолетно девојче се случил во склад на „Макпетрол“ во општината Илинден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.