Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми – изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по завршувањето на дводневниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу  Македонија и Бугарија.

Дебатата во овие два дена според Ѓоргиев била за Охридската архиепископија, и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.