Додека Ковачевски и Османи се кријат и бегаат да одговорат за преговорите со Бугарија со Собранието и пред граѓаните, повторно македонската јавност дознава детали за преговорите од Бугарија и Петков, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја надворешната политика на сегашната влада „иста како по урнек на Зоран Заев“.

Токму тоа што го предупредувавме изминатиот период дека ветото од страна на Бугарија, и покрај сите порази кои ги доживеавме, нема да биде кренато, туку како што вели Петков поместено, додека не се прифатат сите барања од Софија. Со овие позиции, Бугарија сака ние да бидеме асимилирани и целосно да ги прифатиме сите нивни барања кои се вклучени во Резолуцијата изгласана во 2019-та година изгласана од бугарскиот парламент. Доколку владата на Ковачевски стави потпис на документ во кои ќе бидат вклучени сите барања на Софија, можеби ќе се случи првата меѓувладина конференција, но никогаш нема да започнат преговорите на Македонија со ЕУ, додека ние како граѓани не се асимилираме и како Бугари влеземе во рамките на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, молкот на Ковачевски за провокацијата на Бугарија со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е само еден сегмент од политиката на свиткана кичма во надворешната политика.

Затоа ја повикуваме владата да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, воедно и да се охрабрат и излезат пред македонското Собрание и на граѓаните да соопштат што точно опфаќаат работите кои ги соопштува Петков.

Потребно е национално единство и консензус во врска со македонските црвени линии во однос на преговорите со Бугарија, велат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.