Претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, во својот кабинет го прими македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, информираат од нејзиниот кабинет.

Амбасадорот Марковски упатил честитки за изборот на Спиропали за прв човек на Собранието и ја изразил „подготвеноста на амбасадата да придонесе во соработката на Парламентот и институциите на Македонија со Албанија“.

Претседателката Спиропали нагласила дека соработката со Македонија, Албанија ја смета за приоритет на надворешната и регионалната политика и ја изразила подготвеноста на Собранието и институциите на Албанија за интензивирање на билатералната соработка.

Таа посочила дека Собранието на Албанија ќе ја интензивира одличната соработка со македонското собрание и оти парламентарната соработка ќе ги унапреди односите и сеопфатната соработка меѓу двете земји.

Албанија и Македонија, како партнери во НАТО и во напорите и достигнувањата за членство во ЕУ, ќе продолжат да соработуваат и да придонесуваат за развојот, стабилноста и мирот во регионот и пошироко, истакна претседателка Спиропали, стои во соопштението од кабинетот.

Спиропали, која од 2019 година беше државна министерка за односи со парламентот, во владата на премиерот Еди Рама, за претседателка на законодавниот дом беше избрана на 30 минатиот месец



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.