Македонските пратеници на денешната 82-ра собраниска седница ги ратификуваа Протоколите на Шведска и на Финска за членство во НАТО.

Протоколите на двете скандинавски држави за пристапување кон Северноатлантската Алијанса беа потпишани на 5 јули во Брисел од овластени претставници на државите членки на НАТО.

Владата ги пушти законските предлози во собраниска процедура, а денеска беа прифатени од пратениците, со што се дава зелено светло за натамошните процедури на Шведска и на Финска во рамки на НАТО.

Со овој чин, Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и неговото проширување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.